Алпска крема е 100% германски производ, изработена според традиционалната рецептура од внимателно одбрани лековити билки од алпските предели, наменета за ублажување и отстранување на болки.
Ефикасна е во следниве случаи:
• болки во грбот и стегнатост
• ревматски заболувања и болки во мускулите и зглобовите
• опоравок по преломи, извинувања и потегнувања
• болки и стегнатост на вратот
• болки во раката
• повреди на колената, рамената, куковите
• главоболка
• лоша циркулација
• ублажување на отоци или уједи од инсекти
Основни карактеристики
Има пријатен мирис, светлосината боја и кожата брзо ја апсорбира. Основниот состав е природен и вклучува преку 20 видови на билки (ментол, рузмарин, игли од сибирски бор, еукалиптус, лаванда и други).
Својства и дејство
Помага во случаите на лоша циркулација, ублажување на болки и стегнатост во грбот и вратот, опоравување после скршеници, извиткувања и истегнувања, повреди на колената, рамената, колковите. Ефикасна е во ревматски заболувања и болки во мускулите и зглобовите.
Алпската крема, поради својата ефикасност, се користи во светот на спортот, каде што се применува за време на масажи, по спортски повреди, упали и истегнувња на мускулите. Доволно е да ја нанесете кремата на болното место и по неколку минути, ќе забележите промена и ефикасно дејство. Болките ќе исчезнат или значително ќе се намалат.
Употреба
Алпската крема е исклучиво за надворешна употреба и се користи со масирање во кожата, најдобри резултати се постигнуваат по топл туш поради проширените пори. За зголемување на удобствота, масажата може да се повтори повеќе пати на ден. Со употреба на Алпската крема, кожата не останува мазна, кремата веднаш се впива во кожата и поткожното ткиво, па дејството и е практично моментално. Исто така, се користи за подобрување на слабата циркулација бидејќи Алпската крема во почетокот дејствува разладувачки, а подоцна грее.
Предупредувања
Избегнувајте простор околу очите, отворени рани и изгореници.
Начин на чување и рок на траење
Чувајте на темно место, надвор од дофат на деца.
Рок на траење е назначен на пакувањето.
Дополнителни информации за производот:
Производ: Alpenkräuter – Emulsion, Krema – emulzija од алпски билки
Производител: LLoyd GmbH, Германија
Количина: 200мл
Рок на траење: назначен на пакувањето
Оценки
Избриши филтриСè уште нема оценки